Loading...

Силно одекна дипломатскиот скандал што се случи за време на посетата на Либан на американскиот државниот секретар, Рекс Тилерсон.

Сите влијателни медиуми на Запад објавија снимки на кој се гледа Тилерсон во непријатна позиција пред средбата со либанскиот министер за надворешни работи Гебран Басил и претседателот Мишел Аун.

Тилерсон бил принуден долго да чека седнат на пониско столче пред празната маса и фотелја наменети за Аун, а во просторијата немало ни американско знаме.

За да се спречи целосно понижување на американскиот министер за надворешни работи, беа изоставени голем број на детали кои, сепак, не им избега на активистите на интернет .

Канцеларијата на либанскиот претседател ги отфрлија наводите на западните медиуми за „отстапување од дипломатскиот протокол“ и тврди дека средбата започна на време.

Идентичен инцидент се случи во јануари 2010 година во Тел Авив кога израелскиот шеф на дипломатија, Дани Ајалон се обидел да го омаловажи амбасадорот на Турција, Огуз Челиккола.

Израел тогаш го повика турскиот амбасадор да протестира против една од епизодите од серијалот „Долина на волците“.

Тогаш, Ајалон го натера амбасадорот да чека, а потоа разговараше со него, додека Челиккола беше седнат на многу понизок стол, и во канцеларија каде турското знаме не беше истакнато.