Без потреси, без големи пресврти и сосема очекуван расплет на натпреварите во Е-Х половината од групите во Лигата на фудбалските шампиони.
Ливерпул го разнесе Спартак Москва со 7-0, а Севиља одигра доволни 1-1 кај Марибор за англиско-шпанската двојка да мине во осминафиналето од петтиот состав.

Во шестиот Шахтјор со два рани гола славеше со Манчестер Сити (2-1) и ја остави оваа фаза без екипа која ги има сите победи, по што двете се најдоа во натамошните борби. Наполи патем загуби кај Феенрод со 2-1 и секако, не беше во „игра“ за втората позиција.
Во конкуренцијата 7, Порто се реши елегантно со убедливи 5-2 против Монако, што беше повеќе од доволно за место зад Бешикташ кој извонредниот настап го потврди со триумф во Лајпциг со 2-1.
И конечно во 8 собир каде немаше дилеми Реал беше подобар од Борусија со 3-2, а Тотенхем од Апоел со 3-0, по што клубовите од Лондон и од Мадрид преминуваат во новиот сегмент, а тимот од Дортмунд со многу среќа се најде во Лига Европа.

Оставете коментар