15 средби денск од реванш 1/16 финалето во Лига Европа.
Во првата најраната во Москва Локомотив по втор пат славеше со Ница, сега со 1-0 и замина во осмина-финалето.
Од 19 часот имаше 8 меча:
Атлетико имаше голема предност против Копенхаген што ја надополни со нови 1-0, Динамо во Киев го дочека АЕК со 1-1, а пласман натаму обезбеди со 0-0. Спортинг со нашиот Стефан Ристовски во тимот одигра 3-3 со Астана, но беше безгрижен од првиот меч (3-1), а Зенит со убедливо со 3-0 ја надокнади минимална негатива против Селтик. Наполи славеше со 2-0 кај Лајпциг, но при 3-3 испадна поради трите гола примен дома, а Виљареал одново загуби од Лион 1-0. Викторија оствари 2-0 со Партизан што беше повеќе од доволно за следната фаза, а Лацио во вторите 90 против Стеауа со 3-0 возврати за поразот од 0-1.
Во вечерниот термин од 21 часот и 5 минути, два неизвесни дуела во кои се беше отворено, а во кои Салцбург го совлада Реал (С) со 2-1 и вкупни 4-3, а Аталанта и Борусја Дортмунд одиграа 1-1 што им конвенираше на Германците за исти 4-3. Во четири соочувања кои беа решени уште пред седум дена без форсирање на фаворитите: Атлетик Билбао –Спартак 1-2 за 4-3. Во предигра на овој меч се случи трагедија кога шпански полицаец загина во пресметка со гостинските навивачи.

И уште: Милан-Лудогорец 1-0, АРСЕНАЛ загуби од Остерсунд 1-2, но славеше со 4-2 а Марсеј го доживеа истото кај БРАГА , 2-0, но се откако беше создадена осетна разлика од 3-0. Потсетуваме вчера ЦСКА стана прв осминафиналист во Лига Европа по московската победа против Црвена Звезда од 1-0.

Еве и видео од случувањата во Билбао.