Лига на ракометни шампиони: Вардар води на полувреме против Барселона (13-12)

Ракометарите на Вардар водат на полувреме од полуфиналето на Фајнал форот во Лигата на шампините против Барселона со 13-12. Тоа е извонредна најава за продолжението од мечот во Лаксес арената во Келн, особено што црвено црните беа во сериозна негатива на средина од првите 30 минуи (8-5), но сепак успеаја да се вратат, да изедначат, а пред крајот на воведниот дел и да создадат, мала, но значајна предност.

Најдобри поединци до сега во нашиот табор со Борозан, Душебаев, Чупиќ и Штербик. Инаку ПСЖ е прв финалист по триумфот со 27-26 против Веспрем во првото полуфинале во Келн.

SHARE