Лидија Димова за бонусите во ДИК: За кикирики се расправаме

Поранешната пратеничка Лидија Димова во синоќешната емисија „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 ја нарече „кикирики“ сумата што си ја поделиле членовите на Државна изборна комисија во споредба со задолжувањата на државата.

„За мене е малку чуден фактот дека никој не реагираше кога се задолжуваше државата со огромни суми, износи на пари, и сега одеднаш, реално, ние за кикирики се расправаме. Ова е толку ситна сума“, рече Димова.

Пратеничката на Социјалдемократски сојуз на Македонија во претходниот собраниски состав, која за време на т.н. Шарена револуција стана препознатлива како возач на комбито со канти со боја што се фрлаше врз спомениците и врз државните институции, смета и дека „членовите на ДИК ги заслужија исплатените бонуси“.

Оставете коментар