Лина оди во Париз, Шарапова ќе почека

Лина Ѓорчевска ќе биде дел од квалификациите за престојниот Ролан Гарос. Таа како 180-та на светската листа се најде меѓу 88-те тенисерки кои следната недела низ три круга ќе се обидат да дојдат до главниот турнир. Интересно, Македонката се најде во избраните, а организаторот се уште е во дилема дали да и даде вајлд карта на Марија Шарапова за 116-тото издание на Гредн Слем турнирот што во Булоњската шума започнува на 28 мај. Французите тактизираат и најверојатно ќе ја поканат руската тенисерка, а дежурните критичари веднаш и однапред зазедоа став дека тоа не е спортски, туку би било само заради пари.

SHARE