Најдобрата македонска тенисерка имаше лоша жрепка и во првото коло од квалификациите на Вимблдон за противничка ја доби првата носителка Александра Круниќ од Србија. Тоа е вистинска непогода со оглед на тоа дека Круниќ во 2015. година играше и во третото коло на главниот турнир.

Круниќ има 24 години и се наоѓа на 99. место на ВТА листата, а Ѓорческа за која ова ќе биде прв настап на тревата на Вимблдон на денеска објавената ранг листа се наоѓа на 180. место. Мечот Ѓорчевска-Круниќ е предвиден за вторник во 15 часот, а квалификациите содржат три рунди.