Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска не успеа да го мине првото квалификациско коло по поразот од 2-1 во дебито на Ролан Гарос. Таа одлично го започна мечот со Куирине Лемоан и по 5 брејка, три за нашата тенисерка,  поведе по првиот сет со 6-3. Но веднаш потоа Лина запре и дозволи Холанѓанката која во пресрет на овој турнир беше 11 места подобро пласирана на ВТА листата, прво со одземен сервис во 8. игра, со истите 6-3, да изедначи на 1-1 во сетови, а потоа и се да повтори, во решавачкиот трет сет. Во него се играше 33 минути, а Ѓорчевска постојано беше во обид да се врати зошто губеше сервиси и во првиот, и во седмиот гејм. Во првиот случај се врати, изедначи, па и поведе со 3-2, но за вториот случај веќе немаше сила и доживеа брза елиминација од Ролан Гарос.

Ова беше трет настап на Гренд Слем односно во квалификации на големите турнири и искуството за Лина е непроценливо. Штета само што не е искористена вака добра шанса и пристијна жрепка, за нов дополнителен скок од сегашното 171. место на Светската листа.

SHARE