Лоби фирма која работела и за Македонија има проблем во Вашингтон

Компанијата „ Меркури јавни работи“ од Вашингтон се соочува со проблеми пред американските власти поради тоа што несоодветно ја пријавила соработката со 5 држави од Југоисточна Европа.
Компанијата била принудена да пријави кои се најзините клиенти, меѓу кои се Македонија, Романија, Грција, Србија и Бугарија кои  плаќала по 15 илјади долари месечно за лобирање но го прекршила „Foreign Agent Registration Act“ (Акт за регистрација на странски агенти или ФАРА) со тоа што не пријавила кој во САД бил најмен да лобира за земјите клиенти.
Според правни експерти кои ги цитира порталот „Базњузфид“ ова е проблематично затоа што според американските закони кога американски лоби фирми  земаат пари од странски држави мора да наведат кој е човекот која што ја врши конкретната работа. 
Дополнителен проблем за Меркури е што во делот од својата пријава наменет за „името на странскиот нарачател“ за лобирањето, ја наведува фондацијата „Либертас“ од Бруклин која што е основана лани во август само еден ден пред Меркури да се пријави пред Конгресот на САД како лоби фирма. Вообичано во оваа графа стои името на странска држава или фирма а не американска организација. 

 

Според истрагата на „Базфидњуз“ фондацијата Либертас практично не постои а се води на адреса на фирма која што врши регистрација на правни субјекти.

Ова прашање за американската јавност е од особено значење откако во поседниве неколку години избија скандалите со екс советникот за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин и шефот на кабинетот на Хилари Клинтонн Џон Подеста кои беа откриени дека без да пријават работеле за странски клиенти.

Mакедонија како една од петте странски држави кои што се пријавени од „Меркури“ лани во ноември потпишала договор со британската подружница на оваа лоби фирма за помош во односи со јавноста но нема информации каква е улогата на „Либертас“ во овој случај.

И покрај тоа што прекршувањето на ФАРА е казниво според американските закони најголем дел од случаите завршуваат со опомена од страна на властите по што компанииите ги објавуваат сите потребни податоци, пишува Базфидњуз каде првичните информации дошле од истражувачкиот „Проект за известување на организиран криминал и корупција и Нова ТВ кои што подготвуваат целосен извештај за оваа проблематика.

SHARE