SERBIA HANDBALL EUROPEAN CHAMPIONSHIPS

Македонската машка ракометна репрезентација никогаш не победила во првата средба, во воведен настап на Европските првенства и освен во еден случај кога остваривме реми, другите три старта ни биле поразителни. Тој позитивен резултат е од Ниш од пред 6 години кога против Шведска одигравме 26-26 што потоа ширум ги отвори вратите за најголемиот успех и освојувањето на петтото место.
Инаку во нашето прво учество на ЕП во 1998 година во Бормио бевме поразени од Унгарија со 29-23, во 2014 година во Хернинг губевме од Данска со 29-21, а во 2016 година во Краков поктклекнавме пред Франција со 30-23.
Интересно на стартот секогаш сме имале тешки противници што најдобро го поткрепува фактот дека Шведска, Франција и данска имаат 9 од вкупно 12. Злата доделени до сега. Словенија која ни е противник утре делува дека не е тој ранг, но има едно сребро од од ЕП во 2004 година, но и бронза од Светскиот шампионат лани.

Оставете коментар