Актерот Чарли Шин (51) во 2010. година откри дека има ќерка Касандра, која ја добил кога имал само 19 години, со неговата девојка од средно училиште Пола. Тогаш Касандра веќе беше во брак, а три години подоцна, таа ја роди својата ќерка и Чарли стана дедо на 44 години.

Лил Вејн (34) стана татко на 15 години. Со неговата девојка Toуома се венчаа во 2004. година. Двојката се раздели по две години брак, а раперот подоцна доби уште три деца со три различни жени. Лил Вејн еднаш рече дека сака да се пензионира по 35 години за да биде во можност целосно да се посвети на своите деца.

Помладата сестра на Бијонсе, Соланж (31), го избегнуваше вниманието до пред неколку години, кога таа го издаде својот прв соло албум. Пејачката била во брак со спортистот Даниел Смит во 2004. година, кога имала 17 години, а една година подоцна таа родила син. Иако бракот не успеал и во 2007. година,  двојката се разделила, но сепак, тие го подигаат своето дете заедно.

Софија Вергара (44) својот син Maноло го родила кога имала 18 години кога таа веќе беше во брак со Џо Гонзалес. Но, бидејќи се развела следната година таа со синот се преселила во Л. А за да го оствари својот сон како актерка и манекенка.

Ен Никол Смит, синот Даниел го родила кога имала 19 години, а потоа и сама го подигала. За жал, нивната судбина беше трагична. Даниел почина пред 20 години од преголема доза на таблети, а Ана почина шест месеци подоцна.

SHARE