Мнозинскиот сопственик на Арсенал Стен Кронке издаде соопштение во кое се вели дека ја одбива сумата од една милијарда евра, која помалиот акционер Алишер Усманов ја понуди за делот од 67 проценти што го контролира Американецот. Тоа значи дека компанијата Kroenke Sports and Entertainment останува главна на Емирати што, пак, може да значи и дека Арсен Венгер може да “преживее” и да остане тренер.

Рускиот тајкун и близок пријател на Путин, Усманов кој поседува 30 насто од акциите пред неколку дена ја крена сумата на неверојатна висина и соопшти дека во случај на добивање на делот на Кронке, ќе го направи Арсенал, многу посилен.

SHARE