Мавровско Езеро е вештачко езеро поставено во северозападниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1200. метри надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со Шар Планина. Сè до 1947. година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската Котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.

Денеска езерото освен со помалите притоки, со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

SHARE