Маестро Трпчески во негов стил одговори на нападите во јавноста

Македонскиот виртуоз на пијано и една од најголемите светски музички атракции во моментов Симон Трпчевски во свој стил одговори на вербалните напади од дел од македонската јавност по неговиот настап на отворањето на новата зграда на Македонската филхармонија.

Скромниот Трпчески воопшто не реагираше во медиумите или на социјалните мрежи и со тоа даде најдобар коментар што мисли за коментарите во кои тој беше критикуван затоа што свирел на концерт каде што во публиката беа претставници на политичката номенклатура во заминување.

Трпчески како професионалец веројатно смета дека нема потреба да одговори на критикитите и обидот да биде инволвиран во македонскиот политички состојби во пресрет на неговиот последен концерт за оваа сезона што ќе се одржи во Ливерпулската филхармонија утре вечер.

За тие што не знаат како функционира кремот на светската класична музика во кој се наоѓа и македонскиот виртуоз треба да се каже дека Трпчески има свои менаџери кои што се одговорни за сите негови настапи како музичар но и за сите негови јавни настапи во медиумите или на социјалните мрежи.

И реално може ли Трпчески или било која друга јавна личност да се објасни со македонскиот синдром на црно – бело гледање на работите.

SHARE