Наш човек меѓу најдобрите светски кувари

Францускиот магазин „Le Chef “ ја објави својата листа на 100 најдобри кувари на светот која што предизвика многу реакции во светот на кулинарството затоа што според набљудувачите на неа има премногу Французи. 
Рене Реџепи кој на листата се води како од Данска е сопственик на култниот ресторан „Нома“ во Копенхаген е на високото 8 место на листата најдобри кувари на светот на која дури 5 од првите 10 места се Французи. Тој е Албанец од Македонија по потекло од Гостиварско.
Предходно  во два наврати од магазинот „Тајм“ беше прогласен за сопственик на најдобар ресторан на светот а повеќе од една деценија е на врвот на листата на најдобро оценетите ресторани на глобален план.
 
Прв на листата е Алан Пасарди кој готви во ресторанот  „L’Arpege“ во Париз. На второ и трето место се  Пјер Жањер и Мартин Берасатегуи. 
Листата на најдобри кувари се прави со анкета меѓу 350 „шефовите“ на рестораните со две или три ѕвезди кои што се дел од сообраќајната мапа што ја подготвува компанијата „Мишелин“. Од првите сто најдобри 35 се Французи. 
Годинава покрај Рене Реџепи, двајца Шпанци и 5 Французи меѓу првите 10 има и по еден Јапонец и Холанѓанин.
Еве ги првите 10 на листата.
1. Alain Passard – L’Arpège (Paris, France)
2. Martin Berasategui – Restaurant Martin Berasategui (Lasarte Oria, Espagne)
3. Pierre Gagnaire – Restaurant Pierre Gagnaire (Paris, France)
4. Michel Bras – Le Suquet (Laguiole, France)
5. Seiji Yamamoto – Nihonryori Ryugin (Tokyo, Japan)
6. Éric Frechon – Épicure (Paris, France)
7. Jonnie Boer – De Librije (Zwolle, Pays-Bas)
8. René Redzepi – Noma (Copenhagen, Denmark)
9. Emmanuel Renaut – Flocons de Sel (Megève, France)
10. Joan Roca – El Celler de Can Roca (Girona, Espagne)
SHARE