Македонец уапсен при обид да влезе со 4,3 кг канабис во Грција

Одделот за наркотици при полицијата од Кукуш уапси 41-годишен македонски државјанин при обид со возило да внесе повеќе од четири килограми канабис во Грција преку граничниот премин кај Дојран.

Македонецот е обвинет дека криел дрога во браникот на возилото, која полицијата ја открила со помош на куче, а количината на пронајдениот бел прав е 4 килограми и 273,8 грама.

Дрогата е одземена, а уапсениот е предаден на обвинителството од Кукуш.

Оставете коментар