Брисел, имал „план Б“ за членство на Република Македонија во НАТО, пишува денеска грчкото издание „Ефимерида“ и прецизира дека „разработката“ на алтернативна опција за Македонија од страна на Брисел се должи на очигледниот факт дека „решението на спорот за името е уште далеку“ и дека тоа им е јасно како на властите во Скопје , така и на оние во Атина.

Весникотмн, наводно се повикува на дипломатски извори, кои брифирале дека во Алијансата  подготвиле „бајпас“, кој ќе се примени доколку не се реши името и ќе го отвори патот за Република Македонија кон НАТО “.

Според “Ефимерида” има две варијанти – специјални однос кон Република Македонија или, пак, присоединување на земјата со привремената референца, Поранешна Југословенска Република Македонија, со појаснување дека кога ќе се реши спорот, земјата ќе биде прифатена со новото име, пренесуваат бугарски агенции.

Денес, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, пристигнува во Скопје, откако властите во Македонија го променија името на меѓународниот аеродром и на главниот автопат, како знак на демонстрирање добра воља кон Грција .

Во пресрет на средбата, американскиот Стејт департмент официјално повика на брзо решавање на спорот за името на Република Македонија и потсети дека евроатлантската перспектива за регионот е нужна за да се обезбеди безбедност на регионот.

Официјална Москва, пак, ги предупреди властите во Скопје на можните негативни последици од асоцирањето на Македонија кон Северноатлантската алијанса.