Loading...

„Нереално е да се очекува дека македонското прашање за името ќе биде решено за време на бугарското претседателство со ЕУ или во летните месеци колку што посакува Зоран Заев“, смета Боби Бобев, поранешен бугарски амбасадор во Албанија и Косово.

За време на посетата на грчкиот министер за надворешни работи на Скопје, ќе биде поставена основата за некој потенцијален компромис, но нема да има решение на краток рок, прогнозира Бобев во интервју за ФОКУС Радио.

Тој се повика на експертските претпоставки дека Македонија би можела да напредува кон членство во НАТО со некоја бајпас формула или со прием со сегашното Поранешна Југословенска Република Македонија, под услов тоа автоматски да биде заменето кога Македонија и Грција ќе најдат решение.

Тој смета дека разговорите за долго замрзнати проблеми меѓу земјите од Западен Балкан се нешто позитивно, и очекува сличен развој во континуираниот дијалог помеѓу Белград и Приштина со Брисел.