Македонија да не падне под турско влијание, вели Коѕијас

„Мораме да одговориме на прашањето што сакаме од нашиот северен сосед: стабилна земја или земја што е дел од турскиот круг на влијание во регионот на начин кој предизвикува непријателство кон Грција“, изјавил министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас  на синоќешна дебата за прашањето за името и „аспектите на потрагата по чесна патриотска резолуција“, пренесоа грчки медиуми.

За време на презентацијата на книгата „Македонското прашање“ (на грчки јазик) на новинарот Никос Мерцос, во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, Коѕијас рекол дека „Грција е повикана да го реши проблемот со името во нестабилниот амбиент на регионот“.

Според него, она што го компликува случајот е дека Скопје се обидува да најде историски идентитет на искривен начин, создавајќи иредентизам.

На презентацијата синоќа присуствуваа и поранешниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос и водачот на партијата Потами, Ставрос Теодоракис кои се залагаат за erga omnes и промена на уставот на северниот сосед.

1 Коментар

  1. Турција ќе биде ко-спонзорот на Македонската Резолуција за воспоставување ИМЕТО Република Македонија во ООН.

Comments are closed.