Loading...

Бугарскиот историчар и професор смета дека Македонија треба да се нарекува Југозападна Бугарија, но дека никој тоа нема да го прифати.

Тој вели дека мислењето да нема географска одредница во името на Македонија  е почнато уште од времето на претседателот Георги Прванов, кој прв предупредил за ова, а актуелниот претседател Румен Радев „едноставно одржува една веќе разработена политика“.

Пред десетина дена најпрво екс-претседателот Прванов, а потоа и актуелниот Румен Радев предупредија за дека име као Северна или „Горна“ Македонија се неприфатливи зашто тоа го отварало прашањето за Пиринска Македонија и таквото решение би било во корист на Грција а на сметка на Бугарија.

Тој уште додаде дека за Македонскиот институт во Бугарија приефатливо било името да биде „Вардарска Македонија“.

Запрашан дали Бугарија не требало да вклучи во темата за името со ратификуваниот договорот со Македонија, Божидар Димитров рече: „Веднаш сакам да кажам дека ние сме ја признале Република Македонија под нејзиното уставно име во јануари 1991 година и понатаму нема каде да мрдаме“.

Димитров уште додаде дека заслугата на премиерот Бојко Борисов е во поттик што го дал за „ребугаризациjа на Македонија“.

1 Коментар

  1. Јас веќе неколку пати ти посакав долг живот персоно Б.Д., за да можеш да присуствуваш на Трибуналот во кој ќе те прогласат за злосторник врз човештвото!

Comments are closed.