Македонија европски лидер по бегства од затвор!

Loading...

Македонските затвори се како швајцарско сирење е заклучокот од извештајот на Совет на Европа за состојбата во затворите на стариот континент, според кој со 18,7 бегства на 10.000 затвореници Македонија е европски лидер.

До овој број е дојдено од податоците според кои од македонските затвори во 2015 година побегнале 66 затвореници од 3.400, со што Македонија ја симна од европскиот врв Финска, од чии затвори побегнале десет затвореници.

Во претходната 2014 година, пак, од македонските затвори „збришале“ дури 114 лица, се наведува во извештајот!

Бројот на затвореници најмногу се зголемил во Бугарија – за 10,8 проценти, а во Турција за еден отсто помалку.

Во Србија бројот на затвореници пораснал за 6,6 отсто.

Наспроти ова, во Исланд бројот на затвореници се намалил за 15,9 отсто.