Македонија за Борисов стана Скопје пред Ципрас (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој се труди да се претстави како промотор на Македонија во евроатлантските интеграции, денеска во Белград не ѝ го ни спомна името пред грчкиот колега Алексис Ципрас, идентификувајќи ја како „Скопје“, и тоа два пати во една реченица.

„Јас сум многу оптимист и сигурен сум дека со колегата Ципрас ќе најдеме варијанти, со помош на сите останати, да биде решено и прашањето на Скопје, зашто тоа се најважните стожери – како Србија, така и Скопје – кои треба да бидат решени. Не може со години и години да генерираат проблеми. И затоа ние заедно, едноставно, сакаме да ѝ помогнеме на Комисијата, да му помогнеме на Брисел при наоѓањето решение, а не да поставуваме ултиматуми или да велиме ‘или вака, или никако’“, рече Борисов на заедничката прес-конференција со српскиот претседател и домаќин Александар Вучиќ и со премиерите Ципрас и романскиот Михаи Тудозе.

Делот од одговорот на Борисов на новинарско прашање, во кој зборува за „Скопје“ може да се види и слушне околу 38 минути по почетокот на видеото поставено на неговата страница на „Фејсбук“:

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2092869297607796/