Македонија ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите.

Ова е одлучено на денешната седница на која беше разгледана информацијата од Амбасадата на Република Македонија во Тирана за состојбите со поплавите во Албанија.

Претходно, Македонското друштво “Илинден“-Тирана повика да се помогне за поплавените.

Нивниот апел одеше под слоганот„Биди хуман! Секому може да му се случи“!

Македонската влада ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање на хуманитарната помош.

Оставете коментар