Македонија и Косово ќе соработуваат за сајбер-безбедност

Македонија и Косово ќе соработуваат во справувањето со инциденти во сајбер-просторот, ќе разменуваат искуства во областа на сајбер безбедноста и создаваат и ќе можности за учество во меѓународни активности.

За тоа вчера беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу надлежните центри на Агенцијата за електронски комуникации на РМ и на Регулаторното тело за електронски и поштински комуникации на Косово (РАЕПЦ).

Меморандумот предвидува и соработкат за обуки и програми за изградба на капацитети.

SHARE