Македонија и Србија наскоро со заеднички железнички граничен премин

Македонија и Србија се пример за заедничка соработка во регионот за отстранување нефизички бариери, смета српската вицепремиерка и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, посочувајќи го проектот за воспоставување заеднички железнички граничен премин.

На средбата со македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска-Типко, Михајловиќ нагласи дека забрзано се работи на реализацијата на проектот, кој ќе биде поддржан со средства од Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ).

За Јовановска-Типко, пак, ова заедно со поедноставувањето на граничните процедури ќе овозможи побрз проток на стоките и ќе придонесе за зголемување на обемот на меѓусебната трговска размена.