Македонија меѓу најпосетените дестинации на Бугарите за Нова година

Околу 120.000 Бугари ја прославија Нова година во странство, а голем дел од нив во соседните земји Македонија, Србија и Црна Гора.

Свидна Димова од Асоцијација на бугарските туроператори и туристички водичи објаснува дека нејзините сонародници се решиле за трите балкански дестинации поради добрата храна, музиката, забавата и ниските цени.

Според неа, најпопуларни биле пакетите што опфаќаат две или три ноќевања со новогодишна вечера и со реприза на 1 јануари, кои чинеле меѓу 150 и 175 евра, и тоа со превоз, што е неколку пати поевтино од Бугарија.