Македонија најмалку безбедна европска земја од сајбер напади

Македонија заедно со Грузија и Албанија е најнебезбедна европска земја од сајбер напади, се вели во анализата на глобалната компанија „Чек поинт Софтвер Технолоџи“ која го мери ниво на безбедност на земјите според опасноста од ваков вид криминал.

Високо на листата на загрозени земји се и Русија и Романија а најмалку ранливи од сајбер тероризам се Молдавија , Исланд и Луксембург.

Според анализата голем дел од нападите во дел од европските земји доаѓаат од американски ИП адреси а една четвртина од глобалните корпорации на дневна база се напаѓани од две гупи вируси „Fireball“ and „WannaCry“ кои што се најопасни и најраспространети низ светот.

SHARE