Македонија на „Евросонг“ со „Ај Кју“ и песната „Изгубено и најдено“

Loading...

Групата „Ај Кју“ со песната „Изгубено и најдено“ ќе ја претставува Македонија на годинашното издание на музичкиот фестивал „Песна на Евровизија“ во Лисабон.

„Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик комисијата по пат на елиминација во три круга на крајот селектираше 12 композиции. По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната ‘Lost and found’ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата, според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена најдобро ќе ја донесе групата ‘Еye Cue’, која што е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска“, соопшти Македонска радиотелевизија како носител на лиценцата за „Евросонг“.