Македонија нема шанси за НАТО со сегашното име, рекол Трамп!?

САД нема да прифатат влез на Република Македонија во НАТО со сегашното име на државата.

Ова го изјавил претседателот Доналд Трамп на прославата на Денот на независноста на Грција што се одржа во  Белата куќа во четвртокот, дознава бугарскиот портал „Епицентар“.

Покрај тоа, американскиот претседател побарал целосна слобода за дејствувањето на Вселенската Патријаршија на територијата на Турција и враќање на нејзините имоти во Турција. Американскиот претседател уште додал дека патријархот Вартоломеј останува најголем пријател на Америка до крајот на неговиот мандат.

Најимпресивен е фактот што американскиот претседател збурувал за Константинопол, а не за Истанбул, коментира „Епицентар“.

2 Коментари

  1. Прашање. Ако не сака САД, Русија ќе реализира резолуцијата за името во ООН, ДОКОЛКУ Македонија се откаже од НАТО! Дугин во Скопје кажа: Во замена за НАТО, да не станете членка на НАТО, НИЕ (Русија) ќе ви истуркаме Резолуцијата за ИМЕТО во ООН!

Comments are closed.