Водата е рангирана како 539 производ со кој најммногу се тргува во светот, покажува анализата на Опсерваторијата за економска сложеност (ОЕЦ).

Најголеми извозници на вода во светот се Франција (899 милиони долари), Кина (673), Италија (542), Белгија (239), додека најголеми увозници се Хонг Конг (610), САД (595), Белгија (287) Германија (226), Јапонија (211).

Водата е најголемиот извозен производ на Фиџи.

Македонија спаѓа во земјите кои најмалку тргуваат со овој производ. На годишно ниво се извезува вода во вредност од околу 330.000 евра, но истовремено се увезува вода за пиење за 210.000 долари. Тоа ја става на последното место во регионот, покажува истата анализа.

Србија е најголем извозник на вода, 16,2 милиони долари, а увезува вода за 2,65, хрватскиот извоз е 14, а увоз 10,5 милиони долари, во Црна Гора односот е 200.000 долари извезена наспроти 2,65 милиони долари за увоз.

Најголем увозник на вода во регионот е Босна и Херцеговина – цели 12 милиони долари за вода, а износот од извоз на овој „артикал“ е 1,99 милиони долари.