Македонија ја победи Словенија со 25-24 и со посакуваниот триумф го отвори Европското првенство што веднаш ни овозможува настап во вториот дел од турнирот што вчера започна во четири града во Хрватска. Жестокиот дуел ни припадна, пред се, со одлична одбрана, толку препознатлива и за „лавовите“, и за селекторот Раул Гонзалез. Црвено жолтите и паѓаа, и се креваа, тонеа и испливуваа, на крајот „спретно“ и среќно славеа голема победа која отвора големи перспективи. По долгото мачење на рајот се не посака. Словенците во завршницата фрлаа топки во аут, а ние погодувавме преку браќата Лазарови и Дејан Манасков, кој по лошото прво полувреме во кое промаши многу зицери, во продолжението дојде до 8 гола. Втор стрелец во нашиот тим беше Кире Лазаров со 7 гола.
На полувреме беше 11-11 и до нив дојдовме доста среќно и со 3-0 во самата завршница од воведните 30 минути. Веднаш на стартот од вториот дел по серија од 4-0 имавме убедлива предност, која се стопи, па дури и влеговме во негатива. И кога Словенците поведоа со 24-23 на две минути до крајот се водеше кон негтива за нас, но собравме сили, бевме и храбри и одважни и се радувавме.
Македонија ја победи Словенија со 25-24 и в понеделник игра со Црна Гора која денеска загуби од Германија со 32-19. Евентуален нов триумф со другата Екс Ју селекција во групата Ц не води во следниот групен сегмент, а со Германија в среда би играле за првото место.

Оставете коментар