Македонија со поддршка за Грузија во спорот со Русија

Делегацијата на Македонија искажала поддршка на Грузија во конфликтот со Русија во врска со државниот суверенитет и територијален интегритет кој што беше нарушен со воените дејствија и окупација на Јужна Осетија и Абхазија во 2008 година.
„Делегациите на САД, ЕУ, Украина и Турција со свои изјави дадоа поддршка за Грузија а тие беа поддржани од Поранешната Југословенска Република Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Борвешка, Лихтенштајн и Молдавија“, се вели во информацијата од грузиското министерство за надворешни работи која што ја пренесуваат тамошните медиуми.

Сите учесници на средбата организирана во Виена од страна на ОБСЕ во рамки на Годишната конференција за безбедносни анализи дале поддршка за напорите на Грузија и ја повикале Русија да ги почитува меѓународно признатите државни граници и обврската за прекин на огнот во конфликтните региони.

Според говорот на претставниците на Грузија по кој што дошла поддршката од наведените земји, Русија претставува закана не само за регионот каде туку и за целата европската безбедност.

SHARE