Македонија треба да добие влада до 6 јуни

Почнува да тече рокот за формирање на нова влада. 

Loading...

Новото парламентарно мнозинство составено од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците кое брои вкупно 67 пратенички места во наредниве 20 дена треба да се договори за владината програма во која што ќе нема место за Тиранската платформа и да ги договори носителите на државните фуннкции кои што ги именува владата.

Преговорите за составот на новата влада допрва почнуваат и се уште е неизвесно дали дел од владината коалиција ќе биде и партијата Беса, независно од тоа што даде поддршка на Заев како мандатар.

Една од најголемите непознаници во преговорите за нова влада е како СДСМ и албанските партии ќе ги надминат разликите околу Тиранската платформа без чие целосно и итно имплементирање не може да се формира влада, како што тврдеа албанските претставници во последниве некоку месеци.

Досега во јавноста имаше низа шпекулации за можните имиња на новите министрии поделбата на ресорите но партиите официјално не дадоа потврда за ниту една кадровска солуција.

Во зависност од тоа дали Беса ќе биде дел од владата едно од најчесто споменувани решенија беа поделбата на ресори според формулата 7 – 4 – 2 – 1 (СДСМ 7, ДУИ 4, Беса 2 и Унитети 1). Доколку Беса не биде дел од владата тогаш медиумите типуваат на формулата 7 – 5 – 2. Според едно од сценаријата доколку падне одлука владата да ја подржи и ДПА тогаш и оваа партија може да добие едно министерско место.