Македонија ја поддржува Турција во војната со Ѓулен

Loading...

Македонија ја продолжува поддршката на Турција во битката против терористичката организација ФЕТО на Фетула Ѓулен, јавува турската државна новинска агенција.

Во изјава за “Анадолу” министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил изјавил дека Турција никогаш не ја повлекла поддршката за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Според Ќахил Македонија ќе се бори против ФЕТО во рамките на македонските закони.

“Ние се разбира сме против терористичката организација на Фетула Ѓулен и против секој вид на терористички организации и тероризам. Ние не ги поддржуваме активностите на ФЕТО во Турција на било кој начин”, вели Ќахил.

“Ќе се бориме против ФЕТО согласно нашиот устав. Како што Турција не поддржува на секој чекор така и ние ја поддржуваме Турција во војната против ФЕТО.

Официјална Анкара го гони Ѓулен поради обидот за воен удар во кој загинаа 250 луѓе а 2200 беа повредени.

Во Македонија работат неколку образовни, медиумски и други организации кои што се финансирани или во врска со ФЕТО но досега ниту една од нив не е затворена.