Достигнувањата на украинскиот пазар на „чиста енергија“ ќе бидат презентирани во Македонија во рамките на разговорите за идна соработка во областа на обновливата енергија.

Претседателот на Државната агенција за енергетска ефикасност и заштеда на енергија на Украина Сергеј Савчук, разговарал околу ова на состанокот со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Украина, Столе Змејкоски.

Змејковски информирал дека според националниот акционен план за обновливи извори на енергија Македонија очекува да достигне 25 проценти „чиста“ енергија до 2025 година.

Од друга страна, Сергеј Савчук, информирал за достигнувања на Украина во развојот на обновливи извори на енергија, со фокус на законските измени кои го овозможуваат и олеснуваат  бизнисот во оваа сфера, пренесува РБК Украина.

На состанокот, страните се согласија да соработуваат, а амбасадорот увери дека ќе ги презентира достигнувањата на украинскиот пазар за чиста енергија во Македонија.

Оставете коментар