Најдобрата македонска фудбалска репрезенатација е 136. според последниот ранкинг на најдобрите светски селекции. На оваа листа на ФИФА, која е еден вид на барометар на квалитетот и континуитетот, минатиот месец и особено во претходниот, имавме голем скок, за што се заслужни мартовските победи со Лихтенштајн и Белорусија. Ова значи е прв пат по две изданија на листата, на кој по нова година го доживеавме најлошото позиционирање, да имаме пад, и тоа од три позиции.

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентција Игор Ангеловски ги дочека денеска “Италијанците”, Горан Пандев и Илија Несторовски на тренинг што е одлична и олеснителна околност ако се знае дека за пет дена не чека натпревар со Турција, а на 11 јуни и квалификациски меч за СП со Шпанија.

SHARE