„Македонска лига“: Заев против злоупотребата на грчките историски фигури и имиња во Македонија

Меѓународната група за лобирање која што е фокусирана на прашањето за името Македонија, антихеленизмот и политичката ситуација во „ФИРОМ“  со свое гледање на изјавите на премиерот Заев поврзани со спомениците и историските личности во Македонија.
Според „Македонската лига“ која што е грчка националистичка организација премиерот Заев на своето последно интервју ја осудил употребата на грчки историски личности и имиња за јавни објекти која што ја водела предходната влада во неговата земја.
„ Премиерот на Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) Зоран Заев ја осудува политиката на употребата на (хеленски) историски имиња за јавни објекти во неговата земја во интервјуто за МРТВ на 6 -ти јуни 2017 година“, се вели во позицијата на „Македонската лига“ објавена на социјалните мрежи.
Пофалби за ваквите позиции Заев добива  и во коментарите. Во еден од нив се вели: „Добро кажано Заев, тој навистина убаво зборува. Да се надеваме дека ќе остане на зборот и конечно да можеме да ги поправиме односите со нашите соседи“.
Видео со англиски превод на изјавата на Заев која ја користи „Македонската лига“