Македонска национална и традиционална: Турлитава

Македонската кујна изобилува со прекрасни готвени јадења. Едно од овие традиционални наши јадења е Турлитавата.

Состојки:
-1,5 кгр. мешано месо (свинско и телешко месо исечено на коцки)
-200 гр. боранија
-20-30 парчиња бамја
-1 црн патлиџан
-1 тиквичка
-1/2 кгр. зелка
-1-2 зелени пиперки
-1-2 домати
-1/2 кгр. компири
-1/2 кгр. моркови
-200 гр. масло
-сол
-бибер

Подготовка:
Целиот зеленчук се чисти и се сече на парчиња и се става во тава (по можност таа да биде земјена). Убаво се меша и се соли по вкус. Преку зеленчукот се редат парчиња месo кои се претходно издинстани со малку масло и вода.
Се става вегета и бибер, се прелива со масло и се става во рерна да се пече на температyра од 200°С, околу 2 часа.

SHARE