„Македонскиот“ диригент Ле Фи Фи утре со настап во родниот Виетнам

Диригентот Ле Фи Фи се врати од Македонија во родниот Виетнам за утрешниот концерт на класична музика насловен „Чајковски и Шостакович“ во главниот град Хо Ши Мин.

Роден во Ханој, Фи дипломира на московскиот конзерваториум „Чајковски“, а по дипломирањето стана постојан диригент на оркестарот на Македонска филхармонија од 1993 до 2000 година. Има настапувано со Македонски симфониски оркестар, со Македонска опера и балет, со Симфониски оркестар на град Ниш во Србија, со Виетнамска национална опера и балет (ВНОБ) и со Балетски и симфониски оркестар на град Хо Ши Мин (ХБСО).

Од 1995 година ќе ги здружи силите со ВНОБ и со ХБСО во организирањето концерти и ќе помогне за поврзување на виетнамските уметници преку океанот со локалните организатори на уметнички настани.

На утрешниот концерт ќе настапи и познатиот пијанист Хо Ти Те Ван од Канада, кој почна да свири на пијано на седум години и беше меѓу десеттемина најдобри натпреварувачи на меѓународниот натпревар по пијано „Јохан Себастијан Бах“ во германскиот град Лајпциг.