Македонските граници се од 1945 година, а најстари на Андора од 1278.

Loading...

Карта на сегашните граници на државите во Европа покажува дека тие на Република Македонија се од 1945 година, а најастари во Европа и во светот се тие на Андора кон Франција и Шпанија, во должина од 120 километри, кои датираат од 8 септември 1278 година.

Од македонските соседи, границите на Грција се од 1913 година, освен нејзиниот дел на беломорска Тракија кон Турција, кои се од 1923 година.

Границите на Албанија кон Грција, Македонија и Косово се од 1913 година, а кон Црна Гора од 1883 година.

Границите на Бугарија кон Македонија и кон Грција се од 1919 година, кон Турција, еден дел кон Србија и во еден мал дел кон Романија од 1913 година, другиот дел кон Србија од 1833 година и поголемиот дел кон Романија од 1444 година.

Границите на Србија кон Македонија, кон Црна Гора и половина кон Бугарија се од 1945 година, другата половина кон Бугарија е од 1833 година, кон Унгарија од 1920 година, кон Хрватска од 1699 година, а кон Романија едниот дел е од 1444 година, другиот од 1920 година.