Македонските земјоделци стравуваат од руски санкции

Loading...

Можноста од воведување економско ембарго за Македонија како одговор на одлуката за протерување руски дипломат од земјава внесе немир меѓу земјоделците, со оглед на тоа дека 60 проценти од производството на овошје и на зеленчук во земјава се пласира на рускиот пазар.

Ако Русија стави рампа, тогаш огромни количини јаболки, зелка, домати и други земјоделски продукти ќе останат во Македонија поради немањето алтернативни пазари засега, а со тоа драстично ќе паднат и цените поради зголемената понуда.

Русија е еден од позначајните трговски партнери на Македонија, која со најголемата држава во светот минатата година разменила стоки и услуги во вредност од над 200 милиони долари. Дефицитот е на македонска страна, но таа лани го зголемила својот извоз во Русија за 10 проценти.