Најдобрата наша сениорска селекција загуби вечерва од Италија со катастрофални 93-33 и тоа во четвртиот настап во квалификациите за Европското првенство во 2019 година што ние, секако, нема да го видиме. Во мечот во Павиа бевме очајни на стартот кога дозволивме 21-0 и 25-4 на завршување на првата четвртина и на крајот, кога одново им овозможивме на Аѕирите да си поигруваат со нас со 22-3.

Ова е сосема различно од првото соочување на Македонија и Италија во Скопје во ноември кога тогашните гостински се намачија за да не совладаат само со 61-52. Овој меч е само четири дена по домашниот пораз од Хрватска од 108-47 што јасно укажува на тоа дека ние не сме за оваа конкуренција, за овој ранг квалификации за ЕП.

До крајот на овој циклус македонските кошаркарки ќе имаат средби и со Шведска дома и со Хрватска на гости.