Македонските краставици и косовското пиво ја плашат Албанија

Регионалната економска област, која се планира да почне да функционира до 2023 година ќе донесе бран на банкротства, а Албанија е неподготвена.

И покрај тоа што Албанија произведува многу земјоделски производи, македонските краставици, српското брашно и косовското пиво веќе значително го освојуваат албанскиот пазар, бидејќи трошоци за производство во овие земји се значително пониски.

Оваа ситуација само ќе се влоши во моментот кога ќе профункционира Регионалната економска област (РЕА) неодамна договорена во Трст која ќе овозможи регионалните стоки, услуги, капитал и труд да можат слободно да влезат на албанскиот пазар.

Многу албански компании ризикуваат банкрот бидејќи повеќе нема да бидат конкурентни ни на домашниот пазар пишува албанскиот портал „Еxit“

Арбен Шкодра, генерален секретар на Здружението на албански производители, вели дека брзината и леснотијата со кои во Албанија ќе влезат производите од регионот целосно ќе ја уништат индустријата, а освен губењето на работни места и банкроти, „ризикуваме да се претвориме во увозник“.

Албанија моментно веќе има трговски дефицит со другите земји од „Западен Балкан 6“ (ВБ6) кои ќе бидат дел од РЕА: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Во текот на првите 10 месеци од 2017 година, увозот пораснал за 30 насто во споредба со 2016 година.

Оставете коментар