Македонски активисти во судир со Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук

Македонското меѓународно движење за човекови права бара Фејсбук веднаш да престане со своите флагрантни антимакедонски политики.

Шокантно е што Фејсбук одбра да му помогне на најозлогласениот противник на човековите права на Македонија, Грција, во нивното оспорување на постоењето на македонската нација, се вели во реакцијата на ММДЧП од каде се жалат дека
македонските корисници на Фејсбук се соочуваат со нескриен расизам кога комуницираат со
Грци, Бугари и Албанци а Фејсбук никако не реагира.

Според организацијата Твитер, од друга страна, презема чекори да ги одбрани Македонците од таквата омраза. Наспроти ова, кога Грците изразуваат огорченост од самото постоење на Македонците, Фејсбук презема дејствија против жртвите, велат од ММДЧП.

“Вторпат за помалку од два месеци, на Ник Петровски, Македонец од Сиднеј, Австралија, му е суспендиран Фејсбук профилот само заради тоа што тој го брани своето право да биде тоа што е – Македонец. Во нашето соопштение од 22- ри Јануари, 2018 се гледа дека профилот на господинот Петровски е суспендиран само затоа што тој укажува дека Македонија НЕ Е грчка. Ако се следи логиката на Фејсбук, би се очекувало тие веднаш да ја осудат Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации и сите други конвенции за човекови права со кои се бранат етничките групи од омраза и културен геноцид” пишува во реакцијата.

„Сите одвратни нешта со кои ме нарекувале Грците и кои сум ги пријавил изгледа не се спротивни на „Правилата на користење на Фејсбук“. Јас, пак, ги прекршувам правилата со тоа што ги бранам своите најосновни човекови права. Зошто имате двојни стандарди, Фејсбук? Зошто отворено го поддржувате расизмот против Македонците?“, прашува Ник Петровски.

МДЧП инсистира Фејсбук веднаш да одговори на прашањето на господинот Петровски, и веднаш да ги повлече своите расистички политики и да ги пожитува таканаречените „правила за користење“, за повлекување на објавите со кои се напаѓаат луѓе врз основа на нивната раса, етничка припадност, национално потекло, верски убедувања, сексуална ориентација, пол, или инвалидитет.

“Вистината е, Фејсбук, дека вие не го правите тоа. Кога Македонците се жалат, не преземате ништо. Грците и Бугарите го присвојуваат културниот идентитет на Македонците, а вие слепо паѓате на нивните расистички тактики. Една етничка група не може да има два етнички идентитета. Македонците не ги напаѓаат Грците или Бугарите за тоа што се Грци или Бугари. Всушност, Македонците не напаѓаат никого. Македонците го бранат единствениот етнички идентитет кој воопшто некогаш сме го имале против присвојувањето на нашата култура кое го прават нашите потчинители.

Фејсбук, бараме да дејствувате веднаш, да се извините, и да ги смените вашите антимакедонски политики на омраза. Придржувајте се кон своите декларативни принципи.

Македонци, придружете се кон нашиот повик за итна реакција на Фејсбук. Придружете се кон нашата кампања #НашетоИмеЕМакедонија во одбрана на Македонија и Македонците, а со цел итно прекинување на антимакедонските преговори за името. НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Инсистирајте да се почитува”, пишува во реакцијата на Македонското движење за човекови права со седиште во Канада.

2 Коментари

  1. Во едно не сте во право дека Twitter е на страна на Македонците.Мене Twitter 2 пати ми затвара Account бидејќи Грците секогаш ми стават слика од Македонско Знаме со Мајмун и не викаат Monkeydonia.Koга ги пријавив да им го затворат Account поради навреда на мојата Држава тоа не се случи.Кога јас на Грците им пратив слика со Грчко Знаме и со свињска Глава,Twitter ме блокира затоа што сум навредила Националитет

Comments are closed.