Македонски граничари вратиле Сиријци, бидејќи градот им е безбеден?!

Известувајќи за штрајкот со глад на сириските бегалци во центарот на Атина, телевизијата Ал Џезира го почна прилогот со сириско семејство вратено од македонските погранични сили, бидејќи родниот град им бил безбеден.

„По напуштањето на со војна уништената Сирија, чекајќи во Турција, поминувајќи преку грчки остров и преминувајќи на копното минатата година, Фахд ал Меки и неговото семејство стигнаа до Идомени, граничен премин со Македонија, само за да бидат вратени назад. Чуварите на македонската граница не му дозволија премин на семејството, кажувајќи му на 53-годишниот татко дека неговиот роден град Џобар близу Дамаск е безбедна област. Џобар беше арена на многу битки и по повеќе од пет години од почетокот на сириската војна е непрепознатлив и во урнатини. Сопругата на Меки и трите деца на крајот успеаја да стигнат до Германија со помош на шверцери пред повеќе од една година, но тој останува заробен во грчкиот главен град Атина“, се вели на почетокот од долгиот прилог на катарската телевизија.

Ал Меки е еден од 14. сириски бегалци, по седум мажи и жени, кои кампуваат во шатори и штрајкуваат со глад на плоштадот „Синтагма“ наспроти Парламентот на Грција, барајќи побрзо спојување со своите семејства во Германија.

Оставете коментар