Македонски кучиња пронајдени во сурови услови во Германија

Во четвртокот Службата за ветеринарство и контрола на храна во Бергиш, Германија, на периферијата на Вупертал во напуштен објект со ужасни услови и изложеност на суровост пронашле 54 кучиња и 3 мачки, од кои 33 кучиња од Македонија (според пронајдените пасоши на лице место), пренесува порталот екорепублика.мк

54 кучиња и 3 мачки биле пронајдени во сурови услови затворени во мали транспортери полни со измет и во темница. Сите затекнати кучиња и мачки биле заболени од заразни болести, паразити, тумори и болести на мускулно-скелетниот систем, пренесува Bild.de.

Службата за ветеринарство и контрола на храна во Бергиш (БВЛА) со тешкотии по поминати 5 часа, успешно ја завршила акцијата за спасување и извлекување на пронајдените животни.

Лутц Петерс, портпарол на градот Солинген за германски Bild вели: „Кучињата беа спасени од неверојатно бедни услови. Огромноста на теренот, ѓубрето и заразата дополнително ја отежнаа акцијата.“

Од стационарот за животни Tierheim Köln Dellbrück велат во своето соопштение на нивната Facebook страна дека „сопствениците“ биле наводно „активисти за права на животните.”

Сеуште нема официјална информација кои се „сопствениците“ на овие кучиња од Македонија.