Македонски марш низ Франкфурт со „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

„Македонско девојче“ од грлата на Македонците од Германија го украси нивниот вчерашен марш низ улиците на Франкфурт како дел од македонските протести во 15. града на три континента во рамките на глобалното движење „Ние сме Македонија“.

Јавно изразеното спротивставување на промената на уставното име Република Македонија на нивната татковина од македонските иселеници во „локомотивата“ на Европа се надоврза на протестот во Франкфурт пред точно еден месец. Тогаш тие изведоа и герилска акција пред грчкиот конзулат во градот на Мајна, закачувајќи банер со натпис „Македонија на Македонците“ на англиски јазик пред влезот во грчкото дипломатско претставништво.