Македонско – Грчка пресметка во Австралија

Клубот кој ги брани боите на Македонија во австралискиот фудбал, Престон Лионс, клуб на македонските иселеници, во Купот на Австралија, го елиминира тимот на Клифтон Хил, во кој главниот збор го имаат грчките иселеници.

Во дерби дуелот меѓу македонските и грчките иселенци во Австралија по 90 минути немало победник.

Откако мечот завршил нерешено ­ 2:2, во дополнителните 30 минути Престон дал гол за победа од 3:2 што предизвикало огромна радост во таборот на „лавовите”.

По мечот, во соблекувалната на клубот на македонските иселеници долго се слушало скандирање Македонија, Македонија, објавува порталот Струже.мк во своето видео.