Македонско движење од Канада бара прекин на преговорите за името

„Што ако украинската Влада објавеше дека Украинците и украинската историја навистина се руски, се согласеше да си го смени името, го направеше рускиот јазик еднаков и билингвален партнер во Украина на сметка на нејзиниот украински карактер и територијален интегритет, ја повикаше Украинска православна црква да ѝ биде потчинета на Руска православна црква и им се придружеше на своите угнетувачи во затворањето на сопствениот народ само поради истапувањето за неговите етнички и национални права? Одговорот на западниот свет, како што видовме претходно, би бил еден вид бес и би бил брз во одбрана на Украина, независно од тоа што прифатила нејзината корумпирана влада“.

Вака Бил Николов, претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права од Торонто, во весникот „НБ Херард“ од Фредериктон во канадската провинција Њу Брунсвик го објаснува повикот за прекин на преговорите со Грција за името.

„Се сретнав со советници за надворешна политика од САД што тврдат дека Македонија ‘мора’ да си ги смени своето име и идентитет поради НАТО и ЕУ ‘техникалии’. Со други зборови, полесно е да се присилат земја и нејзиниот народ да си ги сменат нивното име/идентитет отколку да се смени НАТО/ЕУ правилото што им помага на нашите угнетувачи“, вели првиот човек на движењето основано во 1986 година.

„До Македонците што живеат во Република Македонија – не плашете се од сегашниот авторитарен режим контролиран од САД. Моето семејство беше принудено да учи грчки. Сега вие сте принудени да учите албански, изјавувајќи дека сте ‘вистински Бугари’. Тие се бореа против угнетувањето за да го зачуваат нашиот македонски идентитет. Дали и ти?“, прашува Николов во обраќањето до сонародниците во Македонија.

1 Коментар

Оставете коментар