Здружение на Македонци од Малта ја искористи денешната средба во Валета со министерот без ресор надлежен за дијаспората Едмонд Адеми за да му врачи протестно писмо до Владата против промена на уставното име на татковината.

„Ние, Македонците од Малта, секогаш ќе застанеме на браникот на зачувување на уставното име на Република Македонија“, му порачаа Македонците на Адеми во просториите на својот инфоцентар.

„Работна средба со здружението на Македонците во Малта – членка на Обединета македонска дијаспора. Разговаравме отворено за многу прашања, разрешивме голем дел од дилемите. Остануваме отворени за понатамошна соработка во заеднички интерес“, напиша Адеми на својот профил на „Фејсбук“ по средбата.

Македонската заедница на Малта на 28 јануари одржа мирен протест пред Парламентот на медитеранската островска земја, членка на Европска унија, како дел од глобалното движење „Ние сме Македонија“.

Оставете коментар